Регистрација на клиенти

Во вашиот Екосистем, вие имате целосна контрола врз тоа кој може да отвори кориснички профил, да се регистрира.

Како да ја вклучите или исклучите регистрацијата? Одете во Поставки -> Клиенти и побарајте ја опцијата Дозволи регистрација на клиенти.

Придобивки од вклучена регистрација

  • Професионална корисничка поддршка: Штом клиентот ќе се регистрира, тој добива пристап до системот за подршка. Ова овозможува сите барања за помош да бидат на едно место, наместо да се губат низ социјални мрежи или приватни пораки.

  • Транспарентност за фирмите: Правните лица со кои соработувате ќе имаат постојан пристап до својот портал каде што можат во секое време да ги видат, преземат или платат своите фактури. Ова ја намалува потребата од постојано испраќање на документите по е-пошта.

  • Преглед на договори и понуди: Секоја фирма ќе може дигитално да ги прифати вашите понуди и да ги прегледа потпишаните договори за одржување или маркетинг.

  • Исклучена опција: Само вие или вашите вработени ќе можете да додавате нови клиенти преку административниот дел. Ова е препорачливо доколку работите само со специфични клиенти.

Важна напомена Доколку регистрацијата е исклучена, копчето за регистрација на почетната страна на корисничкиот портал нема да биде видливо. Сите податоци за клиентите во тој случај се внесуваат рачно од ваша страна за поголема безбедност и контрола.

Дали ви беше корисна статијава?