Експортирање на фактури и профактури за одреден клиент во ZIP датотека

Оваа функција ви овозможува брзо да ги преземете сите документи поврзани со одреден клиент во една компресирана (.zip) датотека.

Чекори за извршување:

  1. Одете во профилот на клиентот и изберете го табот за податоците кои сакате да ги експортирате (на пр. Фактури).

  2. Изберете го статусот на документите или едноставно оставете ја опцијата Сите и кликнете на копчето Испрати.

  3. Сите документи, врз основа на вашите избрани опции, автоматски ќе бидат спакувани и подготвени за преземање во .zip датотека.

Напомена: Можете да изберете специфичен почетен и краен датум за експортирање. Филтрирањето се врши според датумот на издавање на фактурата, понудата или извршеното плаќање.

Дали ви беше корисна статијава?