Додај нов Клиент

За да додадете нов клиент, најавете се на работната табла, кликнете на Клиенти и на левата страна изберете го копчето Нов клиент. Можете исто така да користите и брзо вметнување преку копчето горе лево во менито.

Клиент

Овластувања (Дозволи)

Тука одредувате што точно ќе може клиентот да гледа и користи во неговиот портал.

  • Пример: Ако го исклучите системот за поддршка, клиентот нема да може да отвора тикети преку порталот, но сепак ќе може да ги користи другите делови како фактури или договори.

Наплата и испорака

Овие информации се користат за автоматско пополнување на фактурите и понудите.

  • Доколку клиентот има различна адреса за испорака од онаа за наплата, пополнете ги двете полиња за тие автоматски да се појавуваат на документите.

Напредни опции

  • Групи: Сортирајте ги вашите клиенти во групи (на пример: VIP лиенти, Физички лица, Маркетинг). Ова ви овозможува подоцна да генерирате извештаи и да видите која група на клиенти ви носи најголема вредност.

  • Валута: Ако клиентот користи валута различна од стандардната (на пример долари наместо денари), таа автоматски ќе се постави при креирање фактура.

    • Напомена: Валутата не може да се менува доколку веќе постојат реализирани трансакции за тој клиент.

  • Јазик: Доколку имате повеќе јазици, можете да го поставите јазикот на клиентот. Кога тој ќе се најави, целиот систем ќе му биде преведен на избраниот јазик.

Завршување

  • Пополнете ги сите потребни податоци и кликнете Поднеси.

  • Имате опција да изберете дали сакате да се испрати Порака за добредојде до клиентот.

Дали ви беше корисна статијава?