Во овој дел можете да генерирате детални прегледи за вашите клиенти и продажбата остварена преку системот.
Генерален извештај за клиенти
Извештајот за клиенти се креира преку функцијата Извештаи.
-
Изберете тип на извештај Клиент и поставете го временскиот период кој сакате да го анализирате.
-
Системот ќе генерира листа со сите ваши клиенти - по што преку пребарување можете лесно да го најдете конкретниот клиент за кој ви требаат податоци.

Извештај за клиент директно од профил
Наместо генерален извештај, можете да ги погледнете податоците само за еден конкретен корисник:
-
Одете во профилот на клиентот.
-
Кликнете на табот Фактури за да ги видите сите негови финансиски трансакции и статус на плаќања.