Додај артикли/производи

Артикли е функција на Екосистем која ви овозможува да креирате однапред дефинирани артикли (производи или услуги) што ќе го забрза процесот при креирање на нови фактури/профактури/понуди.

image-20-1200x586.png

Креирај нов артикал За да креирате нови артикли од главното администраторско мени навигирајте до Продажба - Артикли и кликнете на копчето горе лево Нов артикал.

  • Опис - Дајте краток опис или наслов на артиклот.

  • Долг опис - Долг опис на артиклот за подетални информации. (незадолжително)

  • Цена - Вкупната цена за овој специфичен артикал што го креирате без ДДВ.

  • ДДВ- Применете однапред дефиниран данок на артиклот (данокот се дефинира однапред например 18% во Поставки-Финансии-Даночни стапки), данокот автоматски ќе се примени при креирање на нова фактура/профактура/понуда/книжно одобрение.

  • Единица мерка - Ако ви е потребна единица мерка за артиклот, можете да ја додадете точно во ова поле. На пр. парчиња, кг.

  • Група на артикли - Ако имате многу артикли и треба да ги организирате во групи, можете да изберете група што претходно сте ја креирале на истиот екран со кликнување на копчето Група горе лево.

Screenshot-2026-09-27-181736.png

Кликнете Зачувај за да ги зачувате сите информации за артиклот.

Откако артиклот ќе биде поврзан со трансакција, на пр. фактура/профактура/понуда, промената на информациите за артиклот нема да влијае на веќе креираните трансакции.

Поврзување на артикал во трансакција Ова е многу специфичен пример кој ќе ви покаже како да поврзете артикал со фактура со објаснување на сите полиња. Навигирајте до Продажба - Фактури и кликнете на копчето горе лево за креирање нова фактура и пополнете ги сите неопходни информации за оваа фактура.

Во паѓачкото мени Додај артикал горе лево можете да ги изберете вашите однапред дефинирани артикли кои автоматски ќе се вметнат во областа за преглед на артикли без да мора рачно да ги пополнувате сите неопходни информации за артиклот.

image-21-1200x506.png

Дали ви беше корисна статијава?