Даночни стапки - ДДВ

Креирај нов данок

Екосистем ви дава можност да додадете неограничен број даночни стапки на вашите фактури, проценки, понуди итн. Можете да додадете нови даночни стапки следејќи ги чекорите подолу:

  1. Одете во Поставки -> Финансии -> Даночни стапки.

  2. Кликнете на копчето горе лево +Нов данок.

  3. Внесете име на данокот (на пр. ДДВ 18%).

  4. Внесете ја даночната стапка (бројка).

  5. Кликнете Зачувај.

Данокот што го креиравте ќе биде достапен во паѓачкото мени за секоја ставка. Кога ажурирате даночна стапка која веќе е применета на одредена ставка, информациите за тој веќе постоечки данок нема да се променат на старите документи.

Во Поставки - Општо можете да изберете Стандарден данок, кој ќе се прикажува на сите фактури и може да се промени кога се креира фактура.

Дали ви беше корисна статијава?