Ова упатство е дизајнирано да ви помогне брзо и прецизно да ја конфигурирате вашата нова инстанца, за да можете веднаш да започнете со организирана и професионална работа.
- Внесете податоци за вашата компанијата
- Одете во Поставки → Информации за компанијата. Тука внесете ги сите правни детали за вашиот бизнис: име на фирма, точна адреса и Даночен број (ЕДБ). Овие информации автоматски ќе се повлекуваат на секој официјален документ.

- Внесете и изберете начини на плаќање
- Кликнете на Поставки → Финансии → Начини на плаќање. Имате можност да додавате, активирате или деактивирате различни начини на плаќање според вашите потреби. Бидејќи во најголем број случаи за фактурите се користи исклучиво „Банкарски трансфер“, активирајте ја оваа опција, уредете ја и внесете ги податоците за вашата трансакциска сметка (број на сметка и банка). Овие податоци автоматски ќе се испечатат на крајот од секоја фактура како јасна инструкција за плаќање.

- Креирајте артикл (Производи/Услуги)
- Во менито Продажба → Артикли, внесете ги вашите услуги или производи заедно со нивните цени и ДДВ. Ова значително ќе го забрза процесот на креирање понуди и фактури.

- Додадете клиент
- Пред да креирате фактура, одете во Мени → Клиенти и додадете барем еден соработник. Кога клиентот е внесен тука, неговите податоци автоматски ќе се пополнуваат во сите идни документи.

- Креирање на фактура
- За да потврдите дека сè е правилно подесено, креирајте една нацрт фактура. Изберете го клиентот, додадете артикл, проверете дали данокот добро се пресметува и генерирајте го PDF документот за да го видите финалниот изглед.
Бонус видео: Како да додадете Лого на PDF Фактури